„HFC е мојата сила. Кога сакам да се откажам – ме држи. Кога сакам да избегам – ме враќа назад.“
Понекогаш не бараш само место за вежбање. Бараш место во кое ќе посакаш да останеш.
HFC Method.
Бесплатен пробен тренингHFC никогаш не беше замислен како уште едно место за вежбање. Сакав да создадам место во кое жените ќе се чувствуваат свои. Место каде што нема да се споредуваат. Каде што нема да им биде непријатно да облечат хеланки. Каде што нема да чувствуваат дека треба да изгледаат поинаку, да знаат повеќе или да бидат „доволно добри“ за да припаѓаат.
Само ќе дојдат, ќе почнат да се движат и многу брзо ќе почувствуваат дека се на свое место. Со текот на времето, тренингот престанува да биде само тренинг. Станува дел од нивниот живот. Дел од денот што го чекаат.
И доаѓа моментот кога повеќе не се прашуваат дали ќе дојдат - туку едноставно едвај чекаат да дојде нивниот термин.
Некои жени се дел од HFC со години. Други се тука само неколку месеци. Но чувството е исто.

Секоја жена доаѓа со различна причина. Некои сакаат да станат посилни. Некои сакаат да ослабат. Некои сакаат повторно да се чувствуваат добро во своето тело. А некои едноставно сакаат да направат нешто добро за себе. Без разлика од каде започнуваш, во HFC ќе најдеш повеќе од еден начин да работиш на себе.
Тренирај во мали групи со професионално водство и полуиндивидуален пристап.
Тренинг прилагоден на тебе.
Работиме еден на еден, со програма и пристап прилагодени на твоите цели, моментална подготвеност и начинот на кој твоето тело се движи. Секој тренинг се гради според твојот напредок - со внимание на техниката, контрола на движењето и постепено зголемување на предизвикот.
Сè што ти треба за твоето HFC искуство - на едно место. Резервирај тренинг, следи го напредокот и собирај HFC Coins директно од телефонот.
Дознај повеќе →Повеќе од тренинг. Искуство кое поврзува.
„HFC е мојата сила. Кога сакам да се откажам – ме држи. Кога сакам да избегам – ме враќа назад.“
„HFC во овие шест години ми стана второ семејство, најдраго место каде што се чувствувам слободно и опуштено.“
„HFC за мене е симбол за здравје, дисциплина и среќа. Тука научив да го сакам своето тело и да уживам во движењето. Тоа е најдобриот подарок што сум си го подарила себеси.“
„HFC за мене е место каде што доаѓам со желба да тренирам и да го зацврстам моето тело, а си одам со полно срце и релаксираност, со топлина и свежина - чувство кое не би го заменила.“
„За мене HFC е место на кое со радост доаѓам.“
„Животот ме однесе во Германија. Тренингот повторно ме врати кај човек на кој му верувам.“
„За мене ова е комбинација што ретко се наоѓа - професионален пристап со реални резултати, чувство дека имам некој на кого можам да се потпрам и тренер кој навистина сака да те научи, не само да те води.“
Најдобриот начин да го запознаеш HFC е да бидеш дел од него.
Групните тренинзи во HFC се создадени за жени кои сакаат професионално водство, пријатна атмосфера и тренинг прилагоден на нивното ниво. Работиме во мали групи, што овозможува секоја членка да добие внимание, корекции и поддршка во текот на целиот тренинг.
Секој тренинг трае 60 минути и е внимателно структуриран за максимално искористено време во студиото: загревање, главен тренинг и завршен дел со истегнување. Секоја вежба има своја цел, а интензитетот се прилагодува според твоето искуство и моменталната подготвеност.
HFC тренинзите се базираат на total body пристап - комбинација од вежби за сила, мускулна издржливост, стабилност, мобилност и контролирана кардиоваскуларна активност. Го активираме целото тело, со посебно внимание на правилната техника, контрола на движењето и постепено зголемување на оптоварувањето.
Тежината и интензитетот се прилагодуваат индивидуално - жените во иста група можат да ја изведуваат истата вежба со различно оптоварување или модификација. Целта е функционална сила, издржливост, стабилност и подобра кондиција, без непотребно форсирање и без пристап „едно за сите“.
Иако тренираме во група, секоја членка добива индивидуално внимание: корекција на техниката, адаптација на вежбите кога е потребно, насоки во текот на целиот тренинг и постепена прогресија според твоето темпо. Целта не е сите да работат исто, туку секоја да вежба правилно и безбедно.
За жени од сите нивоа на подготвеност. Без разлика дали започнуваш за првпат, се враќаш по подолга пауза или веќе имаш искуство со тренинзи, програмата се прилагодува на твоите можности.
Утрински • Lunch Break • After Work • Вечерни термини. Точниот распоред е достапен во HFC Web App.
Удобна спортска облека, чисти патики или чорапи за во студио и шише вода.
Апликацијата е создадена за да ти го направи целото HFC искуство поедноставно - од резервација на следниот тренинг до следење на твојата активност и награди.
Повеќе од тренинг. Искуство кое поврзува.
Weekend Reset е ексклузивен HFC настан кој ги спојува движењето, разговорот, личниот развој и времето поминато во мала група. Секое издание носи нова тема, нови активности и простор да се поврзеш со себе и со жените околу тебе.
За да создадеме безбедна, опуштена и интерактивна атмосфера во која секоја учесничка добива внимание и активно учествува.
Местата се ограничени и се резервираат однапред. По пополнување на групата се отвора листа на чекање.
Беше време на корона, кога не можеше да се вежба во теретани и затворени простори. Другарка ми Лики почна прва и ми рече: „Кејт, добро е, пробај!“ Си реков – ај, додека сме вака затворени, ќе вежбам од дома. И така почнав. Шест години подоцна, сè уште сум тука.
Посилна сум и посигурна во себе. Секојдневието со работа, домашни обврски и три деца на различна возраст го извршувам полесно и со повеќе енергија. Порасположена сум, учам како правилно да се хранам, а и мускулчињата веднаш се забележуваат. 😊
Доброто расположение, смеењето и дружењето. Разменуваме искуства и чувства, па сфаќам дека не сум сама и дека тоа што ми се случува е нормално. Вежбањето ми е прилагодено на возраста и можностите и секогаш сум поттикната да продолжам повеќе.
„Дојди пробај.“ Никој не те форсира и не ти прави притисок. Си вежбаме, се дружиме и се смееме. Ептен убава енергија се разменува во студио.
„HFC е мојата сила. Кога сакам да се откажам – ме држи. Кога сакам да избегам – ме враќа назад.“ - Катерина
Првпат дојдов со желба да ги симнам вишокот килограми. Барав коректен однос и поддршка од инструкторот за да успеам во тој процес - и тоа го добив. Шест години подоцна, сè уште сум тука.
HFC промени многу работи. Освен што успеав во процесот на намалување на килограмите, станав подисциплинирана и стекнав многу поголема самодоверба. Но највредното од сè се прекрасните пријателства кои ги создадов тука.
Прекрасните тренинзи - освен кога има side plank и брод. 😊 Чувството на сила после добар тренинг и дружењето со позитивни луѓе се она што ме враќа повторно.
Самото влегување во HFC ја менува енергијата. Станува позитивна, преовладува чувството на мотивација и желбата да направиш нешто за себе. А смеата и забавата на тренингот се загарантирани.
„HFC во овие шест години ми стана второ семејство, најдраго место каде што се чувствувам слободно и опуштено.“ - Ивана
Во HFC ме донесе желбата за вистинска промена. Барав повеќе од обични тренинзи што само ќе ти ја земат силата. Наместо тоа, овде добив огромна енергија, но и многу повеќе - силно чувство на припадност и меѓусебна поддршка. Станавме заедница која мотивира секој ден, а најдобриот дел е што нашата дружба продолжува и надвор од студиото.
Најголемата промена не е онаа во огледалото, туку онаа во мојата глава. Откако тренирам во HFC, драстично ми се зголемија самодовербата и менталната сила. Дојдов за тренинг, а добив дисциплина која денес ја применувам во сите области од животот. Целосно го променив односот кон тренингот - повеќе не е обврска, туку мој издувен вентил и најубавиот дел од денот, каде што се полнам со позитивна енергија.
Неверојатната енергија и атмосферата што се создава на секој тренинг. Тренинзите се максимално професионални, но во исто време и забавни. Овде се чувствувам како дома, опкружена со позитивни луѓе кои ме инспирираат да бидам најдобрата верзија од себе.
HFC е место со неверојатна женска енергија, мотивација и професионалност. Место каде што доаѓаш да направиш нешто убаво за себе. Тренерот е тука да ти покаже дека си многу посилна отколку што мислиш, а атмосферата едноставно те влече да се вратиш повторно.
„HFC за мене е симбол за здравје, дисциплина и среќа. Тука научив да го сакам своето тело и да уживам во движењето. Тоа е најдобриот подарок што сум си го подарила себеси.“ - Бисера
Првиот чекор во HFC го направив поради желбата да инвестирам во себе и во моето здравје, да се чувствувам посилно и поисполнето.
Откако почнав да тренирам во HFC, тренингот ми стана дел од моето секојдневие, стил на живот и неизоставен дел од мојата рутина.
HFC ме прави среќна, исполнета, силна и релаксирана - сè во исто време.
„Дојди, види, пробај.“ Ќе видиш дека ќе ти биде жал што не си дошла порано на место во кое ќе се чувствуваш среќно и самоуверено.
„HFC за мене е место каде што доаѓам со желба да тренирам и да го зацврстам моето тело, а си одам со полно срце и релаксираност, со топлина и свежина - чувство кое не би го заменила.“ - Марија
Сестра ми ме мотивираше со преубави зборови за Хелена и за студиото, а тоа се совпадна со мојата желба повторно да се вратам на вежбање.
Покрај физички, би рекла дека голема промена чувствувам и психички. После тренинг целата енергија ми се менува на позитивно. Се чувствувам подобро, имам повеќе сила и многу повеќе енергија.
Хелена, тренинзите и сите вежбачки прават да се чувствувам навистина убаво и ме мотивираат повторно да доаѓам.
За мене HFC е цел пакет, од грижата на тренерот за нас и за нашето здравје, до просторот, опремата и самите тренинзи. Ми се допаѓа што не е само вежбање, туку цел концепт кој вклучува и правилно истегнување и внимание на целото тело.
Да дојде и сама да го почувствува целиот концепт, тренинзите, атмосферата, грижата и луѓето околу себе.
„За мене HFC е место на кое со радост доаѓам.“ - Марија Браво
Со Хелена имам тренирано уште многу пред да постои HFC. Во меѓувреме животот ме однесе во Германија, но кога решив повторно посериозно да му се посветам на тренингот, знаев кому сакам да му ја препуштам таа улога. Кога некого добро го познаваш и му веруваш, километрите не менуваат многу.
Ми требаше нешто што ќе биде направено според мене и моето секојдневие, а не програма на која јас треба да се приспособувам. Ми одговара слободата сама да го организирам времето за тренинг, а истовремено да имам јасна насока, структура и некој што знае каде сум и што ми треба понатаму.
Тоа што и покрај дистанцата, пристапот останува личен. Не добивам само план што треба да го завршам. Имам чувство дека некој го следи целиот процес со мене - што ми оди добро, каде ми треба повеќе работа и кога е време да продолжиме чекор понатаму.
За мене HFC е доказ дека не мора секогаш да бидеме на исто место за да продолжиме нешто што ни значи. Животот се менува, градовите се менуваат, обврските се менуваат, но кога ќе најдеш нешто што ти одговара, наоѓаш начин да го задржиш.
„Животот ме однесе во Германија. Тренингот повторно ме врати кај човек на кој му верувам.“ - Татјана
Она што го барав пред да почнам со Хелена беше насока. Ми требаше некој што ќе ми помогне да се снајдам низ целиот процес - враќање во форма, здрава исхрана и одржување дисциплина кон себе.
Дефинитивно физичкиот изглед, како што и ми беше целта. Изгубив тежина и телото почна да ми се дефинира. Но многу поважно за мене е што се чувствувам посилна и побистра, а секојдневно работам и на подобрување на мојата дисциплина.
Персонализацијата, структурата и пријателскиот пристап. Иако тренинзите се online, Хелена постојано нè следи поединечно и забележува сè. Ако некоја вежба треба да ми ја објасни повеќе пати, ќе го направи тоа без проблем. Ако имам повреда или нешто што треба да се земе предвид, го памети и веднаш дава алтернативна вежба.
За мене е огромен плус што можам да работам со Хелена иако живеам надвор од Македонија. Плановите за исхрана и теретана се скроени според мене и моите цели, а поддршката и следењето ги имам без разлика на далечината.
Да не размислува предолго, туку едноставно да почне. Секој страв или сомнеж исчезнува кога ќе почнеш да работиш со Хелена. Таа знае да те поведе чекор по чекор.
„За мене ова е комбинација што ретко се наоѓа - професионален пристап со реални резултати, чувство дека имам некој на кого можам да се потпрам и тренер кој навистина сака да те научи, не само да те води.“ - Теодора, Прага